УСВОЈУВАЊЕ НА ВТОР ЈАЗИК

  • Марија Тодорова

Abstract

Изучувањето и владеењето на странски јазици е од големо значење и има огромно влијание не само врз личниот и професионалниот развој на луѓето туку и врз развојот на општеството. Многујазичноста и билингвизмот како и многујазичното и двојазичното усвојување веќе се широко распространети, не само во официјално признати двојазични и повеќејазични заедници туку и во целиот свет и затоа претставуваат неисцрпена област и предмет на многу научни истражувања. Целта на овој труд е подетално да се разгледаат, објаснат и да се разберат поимите поврзани со билингвизмот односно двојазичноста: прв (Ј1) и втор (Ј2) јазик, учење и усвојување на втор јазик; да се анализира и
објасни улогата и влијанието на Ј1 (мајчин јазик) при изучување на Ј2 (втор јазик) и на крај да се разгледаат можностите за полесно и поефикасно учење на следните јазици.

Published
2018-02-01