MEЃУНАРОДНИ КУЛТУРНИ ВРСКИ ВО ВРЕМЕ НА СОЦИО-ПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ

  • Васко Шутаров

Abstract

Културата се наоѓа во основата на сите суштински развојни промени, од прапочетоците на човековата цивилизација, до денешни денови. Но, не секоја гловално важна промена во својата основа има и културна одредница. Акруелните глобални проблеми со кои се соочува модерниот свет, како што се: климатските промени и глобалното затоплување, модерните болести за кои медицината не пронаоѓа лек, дискриминацијата по сите основи, националните и верски исклучивости и нетолеранција, економскиот јаз помеѓу богатите и сиромашните, големите миграциони движења, организираните форми на тероризам, се само поголем дел од сетот глобални проблеми, кои го застрашуваат светот и со негово физичко исчезнување.Низ компаративни современи искуства, може да се стекнат сознанија за решенијата кои ги превземаат релевантните меѓународни чинители, во справувањето со овие проблеми. Културата и културната дипломатија се дел од средствата и мерките кои ги превземаат современите држави и нивните влади, во справувањето со овие промени и проблеми. Културата, не само како цел сама за себе, туку како средство за едукација, подобра социјална кохезија и разбирање, препознавање и зближување, како на блиските и сродни, така и подалечните култури.



Published
2018-02-01