РЕЛИКТИ НА ШАМАНИЗМОТ КАКО НИШКА НА ПОВРЗУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКАТА И РУСКАТА ТРАДИЦИЈА

  • Ана Витанова Рингачева

Abstract

Истражувањето на шаманизмот е значаен сегмент од проучувањето на религиозното искуство на древниот човек, бидејќи голем број шамански елементи се среќаваат во различни облици на архаичните облици на религија. Да се откријат такви нишки на поврзување во македонскиот и рускиот фолклор, значи да се истражуваат остатоците од примитивни верувања и техники кои се во суштина шаманистички. Иако се среќаваат во многу култури и религии, сепак во фолклорот на словенскиот свет има реликти кои во суштина се вклопуваат во универзалната матрица на шаманистичката митологија. Легендите и народните приказни, како оригинални фолклористички единици, ќе бидат солиден апликативен материјал за докажување на поставената теза.

Published
2020-02-15