СУПСТАНТИВИРАНИТЕ ПРИДАВКИ И ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ ВО РУСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Емил Ниами
  • Костадин Голаков

Abstract

Супстантивацијата претставува посебен процес на премин на зборовите од една морфолошка категорија во категоријата именки. Како резултат на ваквиот премин се добиваат зборови со граматички и семантички карактеристики на именки. Теоретски збор од која било морфолошка класа може да премине во именка, но најчесто оваа појава се забележува кај придавките и кај прилошките определби.
Целта на овој труд е да ги групира супстантивираните придавки и прилошки определби во македонскиот и во рускиот јазик според нивното семантичко поле, да ги категоризира според нивната стилска маркација и според употребата во соодветниот јазик, а исто така да изврши и споредба на оваа категорија зборови во двата јазика.

Published
Feb 16, 2020
How to Cite
НИАМИ, Емил; ГОЛАКОВ, Костадин. СУПСТАНТИВИРАНИТЕ ПРИДАВКИ И ПРИЛОШКИ ОПРЕДЕЛБИ ВО РУСКИОТ И ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 269-273, feb. 2020. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/3470>. Date accessed: 30 mar. 2020.