ПОВИК ЗА ОБЈАВУВАЊЕ ТРУДОВИ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП Vol. 14, No 14 (2025)
УПАТСТВО ЗА ПОДГОТОВКА НА ТРУДОВИТЕ
Трудовите треба да бидат подготвени во MS Word, максимум 8 страници, во B5 (JIS) формат со маргини лево, десно, горе долу 2,54 см, со фонт Times New Roman, проред single, со следните параметри:
НАСЛОВ НА ТРУДОТ
(Автор), име презиме1, (Автор), име презиме2
1 Назив на институцијата (факултет), Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
(ime.prezime)@ugd.edu.mk
2 Назив на институцијата (факултет), Универзитет „Гоце Делчев“, Штип
(ime.prezime)@ugd.edu.mk
Апстракт. Апстрактот треба да ја сумира целата содржина на вашиот научен труд и треба да содржи најмалку 70, а најмногу 150 зборови. Фонт Times New Roman со големина 9.
Клучни зборови: Да се наведат 6 клучни зборови.
Истите информации (наслов на трудот, име и презиме на авторот, институција, електронска адреса, апстракт и клучни зборови) трудот треба да ги содржи и на англиски јазик.
Ракописот се подготвува во B5 (JIS) формат (182 mm × 257 mm) со маргини од 2,54 cm (од сите страни). Текстот треба да биде порамнет (Justified) за да го зафаќа целиот простор за печатење. Вe молиме пополнете ги страниците, така што хоризонталната должина на текстот да не е помалку од 220 mm (секаде каде што е тоа можно).
За името на авторот (авторите) користите фонт со големина 10, додека за адресите, институцијата и за апстрактот фонт со големина 9. За главниот текст, ве молиме користете фонт со големина 10 и единичен (single-line) проред. Закосено (Italic) може да се користи за да се нагласат некои зборови во тековниот текст, додека задебелен фонт (Bold) да се избегнува, а подвлечен текст (underlining) да не се користи.
При цитирањето во трудот и наведувањето на користената литература (библиографија/ референци) да се применува системот АПА (APA style) како во примерите што се наведени подолу:
а) Цитати во текстот
За директни цитати во текстот се наведува презимето на авторот, годината на издавање на трудот и страницата на која се наоѓа цитатот, според следниов пример:
Паноска (1980) истакнува дека „сврзувањето на теоријата со практиката е од особено значење за современото училиште“ (стр. 29).
Ако авторот не е спомнат на почетокот, истите податоци се ставаат во заграда по цитатот:
Таа истакнува дека „сврзувањето на теоријата со практиката е од особено значење за современото училиште“ (Паноска, 1980, стр. 29).
Кога наместо цитат се користи парафраза, се користи следниов формат:
Паноска (1980) истакнува дека во современото училиште е потребно теоријата да се поврзува со практиката.
Таа истакнува дека во современото училиште е потребно теоријата да се поврзува со практиката (Паноска, 1980, стр. 29).
б) Користена литература
Цитираната литература се наведува по азбучен ред според презимето на авторот. Ако има повеќе трудови од еден ист автор, тие се наведуваат по хронолошки редослед од најстариот кон најновиот.
- За книга:
Паноска, Р. (1980). Методика на наставата по македонски јазик. Скопје: Просветно дело.
- За поглавје од книга:
Cobb, T., & Horst, M. (2001). Reading academic English: Carrying learners across the lexical threshold. In J. Flowerdew & M. Peacock (Eds.), Research perspectives in English for academic purposes. Cambridge: Cambridge University Press.
- За списание:
Craik, F.I.M., & Lockhart, R. S. (1972). Levels of processing: A framework for memory research. Journal of Verbal Learning & Verbal Behavior, 11(6), 671–684.
- За веб-страница:
Статистички завод на Република Македонија (2009). Статистички годишници на Република Македонија. Преземено на 4 март 2009 г. http://www.stat.gov.mk
За повеќе примери и за преостанатите опции можете да најдете информации на следниве веб-страници:
https://owl.english.purdue.edu/owl/resource/560/1/
Трудовите (без име и презиме на авторот) се рецензираат од двајца рецензенти коишто ќе работат и ќе дадат мислење независно еден од друг. Авторите ќе бидат информирани за мислењето на рецензентите за нивните трудови пред објавувањето на Годишниот зборник на Факултетот за образовни науки.
Електронските верзии на досегашните изданија на Зборникот може да се проследат на веб-страната на Универзитетот „Гоце Делчев“, кај линкот УГД Журнали.
https://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC
Уредувачки одбор,
Главен и одговорен уредник
проф. д-р Виолета Николовска