МЕНАЏЕРСКИТЕ И ЛИДЕРСКИТЕ ФУНКЦИИ НА НАСТАВНИКОТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ КАКО ФАКТОРИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА ПЕДАГОШКАТА ПРАКСА

  • Lidija Gigova

Abstract

Како наставникот успешно да го планира, организира, води и контролира воспитно­образовниот процес? е прашање кое претставува најголем нивен предизвик. Ова претставува клучен проблем за секоја индивидуа која се занимава со оваа професија, а самиот одговор на ова прашање е насочен кон тоа како можат поединците најдобро да ги развијат и негуваат сопствените менаџерски и лидерски функции. Дали и колку наставниците се оспособени и вешти ефикасно и ефективно да менаџираат во своите училници е систематско прашање за нашиот образовен систем кој се реформира последниве децении. Праксата ни покажува дека наставниците повеќе внимание посветуваат на формалното образование, стручните знаења, а помалку на личниот развој што претставува предуслов за секој иден професионален развој. Од тие причини, сведоци сме од многу формализирани делувања во основните училишта. Со континуираниот развој на способностите на наставниците за менаџирање и водење ќе се остварат и крајните цели на училиштето - учениците во училиштето да добијат квалитетна и ефикасна настава.

Клучни зборови: менаџирање, лидерство, улога на наставник, квалитетна настава, комуникација.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-05-28