ГОВОРОТ И ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ ЗА СОВЛАДУВАЊЕ НА СЕКОЈДЕНВНАТА КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

Authors

  • Ирена Китанова
  • Ивана Стојанова

Keywords:

соработка говор, комуникација, фактори, услови

Abstract

Говорот произлегува од јазикот и претставува негова звучна реализација. Во јазикот се отсликува говорната личност и тоа во сите јазични структури бидејќи нејзините особини се огледуваат не само во изговорот на гласовите, изборот на зборовите, користење на обликот, туку и во користењето на сликовитоста, во интонацијата и акцентот. Говорењето е таков облик на остварување на јазикот во кој доминираат звучно-аудитивните елементи и се отстрануваат со помош на говорниот и чујниот механизам. Говорењето секогаш е мултимедијално. Неговите основни елементи се: гласот, гестот, мимиката, комуникативниот канал, реалното време и слушните елементи. Говорењето е примарно, а пишувањето е секундарно, како графичка визуелна слика на насочен говор. Говорењето е многу комплексно бидејќи има цела скала на дополнителни одлики преку кои се добива дополнителна информација или пак дадената се детализира и зајакнува. Предноста на говорењето е тоа што учесниците се физички присутни и внимаваат на реакцијата на слушателот или слушателите. Меѓутоа говорењето е исклучиво сложен јазичен израз заради тоа што настанува во истиот момент и што нема многу време за концентрација и дотерување.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2024-06-07