КАРАКТЕРИСТИКИ И ОТКРИВАЊЕ НА ДЕЦА И АДОЛЕСЦЕНТИТЕ СО ПОТЕШКОТИИ ВО УЧЕЊЕТО

Authors

  • Игорчо Ангелов

Keywords:

тешкотии во учењето, специфични потешкотии во учењето, меморија, внимание, размислување, концентрација, ориентација, моторни вештини.

Abstract

Во овој труд ѓи представуваме карактеристиките на однесувањето на учениците со специфични проблеми во учењето. Во главниот дел го опишуваме случајот на ученик од основното училиште Хинка Смрекарја во Љубљана, Р. Словенија. Проблемите кај детето ѓи анализиравме со помош на два прашалници со цел да направоме компарација помеѓу анализата со два прашалници. Со цел да ја диференцираме наставата сакавме да го анализираме однесувањето на ученикот и потешкотиите со кои се соочува во наставата. За анализа употребивме два прашалници од областа на специфичните потешкотии во учењето кои ни помагаат да се разјаснат теоретските појдовни точки. Во емпириската работа користевме квалитативен пристап. Користевме два истражувачки методи за да добијеме податоци за анализана ученикот според прашалниците. Овие две методи се: методот на набљудување и методот на студија на случај. Користејќи ја оваа методологија и избраните методи, успеавме да утврдаме дека ученикот има специфични проблеми во областа на размислувањето, вниманието, концентрацијата, ориентацијата, моторните проблеми и проблемите со меморијата. Двата прашалници на крајот дадоа потполно исти резултати. Од теоретската и емпириската работа, констатиравме дека ученикот има специфични потешкотии во учењето кои доаѓаат од неврофизиолошки и невропсихолошки причини.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2024-06-07