УЛОГАТА НА БИБЛИОТЕКИТЕ ВО НАСТАВАТА/ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА (Компаративна анализа)

Authors

  • Катарина Марковска - Саздова

Keywords:

компаративни анализи, библиотеки, основно и средно училиште, професионалност, библиотекар.

Abstract

Предмет на истражување во овој труд е: улогата, значењето и помошта од библиотеката, како и професиoналноста на библиотекарот во наставата/образованието, како за учениците, така и за нивните наставници. Во трудот е направена анализа на работата на библиотека во основно училиште и библиотека во средно училиште, во однос на: наставата, процентуалната застапеност на читатели од различни класови, заинтересираноста за одреден вид публикации, застапеноста на публикации по области и учество на библиотеките во некои проекти во самите училишта. Истражувањето претставува паралела меѓу овие два типа библиотеки, како и на самите библиотекари вработени во истите. Целта е да се истражи и увиди нивната: улога, дејствување и придонес во воспитно-информативниот процес во овие две различни образовни установи, во наставата/образованието, како за учениците, така и за нивните наставници. Истражувањата се вршени преку интервјуа со вработените библиотекари –-наставници во ООУ „11 Октомври“, општина Центар и СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, исто така, во општина Центар, двете од Скопје, РС Македонија.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2024-06-07