ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ПРЕДУЧИЛИШНОТО ВОПИТАНИЕ И ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПОТТИКНУВАЊЕТО НА СОЦИОЕМОЦИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО

Authors

  • Марија Арсова

Keywords:

предучилишно образование, емотивни, социјални вештини, методи, игри

Abstract

Трудот "Развој на емотивни и социјални вештини во предучилишното образование: Педагошки аспекти и современи методи" ја истражува значајноста на раниот развој на емоционалната интелигенција и социјалните вештини кај децата. Воведот нагласува дека предучилишното образование игра клучна улогa во поддршката на социјалниот и емотивниот развој, кој е основа за идниот успех. Теоретските основи се засновани на пристапите на Жан Пијаже, Лев Виготски и Ерик Ериксон, кои ја истакнуваат важноста на социјалната интеракција и поддршката во развојот. Методите за развој на овие вештини вклучуваат игри, групни активности и инклузијата на семејството, што потврдуваат позитивен ефект врз емоционалната зрелост на децата. Практични примери од Монтесори и Реџио Емилија методологиите покажуваат дека индивидуализираниот пристап и креативноста поттикнуваат развој на социјалните вештини. Заклучокот истакнува дека предучилишното образование е клучно за идниот успех на децата, со препорака за дополнителни истражувања во интеграцијата на овие методи во локалните контексти.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2024-11-07