ЗАШТИТА НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО – ПРЕДИЗВИК ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Abstract
Дојранскиот регион е еден од најразвиените туристички простори во источниот дел од државата кој дава, но може да даде и уште многу разновидни туристички услуги и производи. Поради топлината, реткиот начин на ловење на далеку познатата риба, разновидниот и еднемски биодиверзитет, Дојранското Езеро е посетено туристичко подрачје во нашата држава. Тоа претставува тектонско езеро според неговото настанување и претставува многу значаен хидрографски туристички мотив. На север езерото е заграденo со Беласица и Боска Планина, а покрај западниот брег се наоѓаат двете рибарски населби Стар и Нов Дојран, кои денес сe спојуваат во една урбанистичка целина.
Предмет на ова истражување е потребата од зачувувањето и заштитата на Дојранското Езеро. Извршена е анкета на локалното население за да се утврди колку истото е подготвено и информирано за спроведување на превентивните мерки и препораки за заштита на езерото, и дали има заинтересираност од нивна страна за одржливо и рационално искористување на неговите благодети.