ВЛИЈАНИЕ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗРАЧЕЊЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ

  • Blagica Doneva

Abstract

Електромагнетните полиња (ЕМП) се користат за работа на голем број современи уреди, вклучувајќи мобилна телекомуникациска инфраструктура и телефони, Wi-Fi и Bluetooth. Електромагнетните полиња, на доволно високо ниво на моќност, може негативно да влијае на здравјето на човекот.

Прашањето за можните влијанија врз здравјето на луѓето поради изложеноста на електричното и магнетното поле во животната средина е од интерес многу години, посебно поради резултатите на некои истражувања на Светската здравствена организација (WHO – World Health Organization) кои ја поврзуваат појавата на канцер, посебно леукемија кај деца, со живеење во близина на електроенергетски надземни дистрибутивни или преносни водови. Постои значителен дел од науката што се однесува на односот помеѓу електромагнетните полиња и неповолните здравствени резултати, како и значајни достигнувања во технологиите што користат електромагнетни полиња.

Во овој труд се прикажани мерењата на електромагнетното поле во 400 kV трафостаница. Основна цел е да се провери дали се исполнети ограничувањата на изложеноста на луѓето на електричните полиња дадени во препораките на ICNIRP (International Commission on Non-lonising Radiation Protection), Меѓународна комисија за не-јонизирачка заштита од радијација во Правилникот “Guidelines for limiting exposure to time-varying electric, magnetic and electromagnetic fields in frequency range from 0 to 300GHz” од 1998 година. и Советот на Европската унија и превентивните граници објавени од WHO и IRPA за целиот свет, за случај на 400kV далекувод и трафостаница.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2021-06-07
How to Cite
Doneva, B. (2021). ВЛИЈАНИЕ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ЗРАЧЕЊЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЧОВЕКОТ. Natural Resources and Technology, 15(1), 71-81. https://doi.org/10.46763/NRT211510071d