Состојби со отпадните батерии во Р. Македонија

Authors

  • Valentina Kasuba ,

Abstract

Батеријата е електрохемиски уред во кој е складирана хемискаенергија во форма на потенцијална енергија, истата се конвертира воелектрична енергија, кога краевите на батериите односно електродитеќе се спојат со спроводник. Батериите ни овозможуваат независност оделектричната мрежа и се неопходен дел од нашето секојдневие. Порадифактот што во својот состав содржат токсични хемиски елементи, односнотешки метали, тие спаѓаат во категоријата на опасен отпад. Основнатаподелба на бaтериите е на преносни и на автомобилски. Преноснитебатерии, пак, се делат на примарни или батерии за еднократна употреба исекундарни или батерии на полнење. Поради хемискиот состав, примарнитебатерии (алкалните батерии, цинк-воздушните, сребрено-оксидните икопчесто-ќелијни батерии), според националниот закон, смеат да содржат25 милиграми жива. Секундарните батерии содржат олово и кадмиум.Милиони батерии се употребуваат и се отфрлаат од секојдневнатаупотреба. Батериите се оние кои ни обезбедуваат енергија секаде кадешто ни е потребна, без оглед на дистрибутивната мрежа. Со развојотна технологијата и порастот на производството на високотехнолошкипроизводи, како и воведувањето на електрични возила расте и потребатаза батерии. Со зголемениот број на батерии се зголемува и одговорностаза огромното количество батерии што се отфрлаат од употреба. Притоасе поставуваат прашањата, кои се опасностите од отпадните батерии и коисе придобивките од воспоставување на успешен систем за управување соотпадните батерии.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2014-12-31

How to Cite

Состојби со отпадните батерии во Р. Македонија. (2014). Natural Resources and Technology, 8(8). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/938