Вариации во митохондриалната ДНК на Meliodogyne Incognita, M. Javanica / M. Arenaria

  • Makedonka Dautova
  • F.J. Gommers

Abstract

Вариациите на кратките последователни повторувани ДНК сегменти во митохондриалната ДНК (mtDNA), најчесто дуплицирани со различен број на копии, резултира во различни мтДНА молекули (VNTRs – variablenumber tandem repeats) и нудат можност да се употребат како маркери за популациски изучувања на организми како што се Meloidogyne видовите. Во овој труд изучувана е дистрибуцијата на 63-bp VNTRs во 16 M. incognita, M.javanica и M. arenaria популации кои потекнуваа од различни делови на светот со генотипирање на индивидуални нематоди. Популациите беа пропагирани на корени од компир на воден агар во петриевки. Бројот на копии и фреквенциите на алелите беа испитувани во ПЦР амплифицирани продукти од дванаесет до пеесет ларви (L2) по популација и процентот на генетски вариации беше проценет во (Ci) и помеѓу индивидуите (Cip), и помеѓу популациите (Cps). Највисоката фреквенција на хомоплазмични индивидуи во популациите од M. incognita, M. javanica и M. arenaria беше 34, 67 и 83%, додека хетероплазмиската вариација во индивидуите беше 68, 48 и 49%. Генетските вариации помеѓу индивидуите во популациите беше ниска додека помеѓу популациите M.incognita беше најхомогена (9%) во однос на M. javanica (17%) и M. arenaria(33%). Во основа хетероплазмичните нематоди имаа повисок број на копии во однос на хомоплазмичните. Наследувањето на 63-бп VNTRs во M. incognita беше следено во три последователни генерации добиени од единечни женки. И покрај мајчинското наследување на mtDNK и облигаторното партеногенетско размножување, генетските вариации помеѓу индивидуите од јајните маси во трите последователни генерации се зголеми од 5% во првата на 6% во втората до 9% во третата генерација.
Published
2013-04-23