Е-учење апликација по предметот информатика за учениците од VII оделение
Abstract
Последнава деценија расте бројот на институции кои го користат концептот на e-учење преку веб базирани системи за учење со цел да ја променат традиционалната средина за учење и да ги следат образовните потреби на учениците. Во основното образование во Македонија сеуште нема понудени електронски материјали за изучување на предметот информатика со што наставниците треба активно да се вклучат во процесот на креирање и развивање авторски едукативни апликации. Преку овој труд ќе покажеме дека со користење на моќни алатки за креирање на интерактивни апликации, во нашиот случај Adobe Captivate, можат да се креираат успешни е-учење апликации. Е-учење апликацијата која е базирана на SCORM беше тестирана на учениците од VII оделение, помогната од повеќе наставници и родители. Е-учење апликацијата беше одлично прифатена од учениците, наставниците и родителите и претставува пример кој може да се примени во сите училишта во Република Македонија.