СОЕДИНУВАЊА И ПРЕЗЕМАЊА (М & A) И УЛОГАТА НА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ БАНКИ ВО ОВИЕ ПРОЦЕСИ

  • Ljupco Davcev
  • Tamara Jovanov

Abstract

Економската теорија наведува многу можни причини за случувањата поврзани со процесите на соединувања и преземања (mergers&acquisitions). Една мотивација, која често се наведува, е создавањето на вредност преку синергија. Понекогаш соединувања и преземања (М &A) се случуваат затоа што компаниите сакаат да ја зголемат својата пазарна моќ. Во многу случаи менаџерите преземаат трансакции за соединувања и преземања кои ќе им послужат како на менаџерите, така и на компаниите, да се создаде поголема компанија. Постојат две конзистентни емпириски особини на активностите поврзани со соединувањата и преземањата: се јавува во периоди и се случуваат во иста индустрија. Овие карактеристики укажуваат на тоа дека соединувања и преземања (М &A) се случуваат како реакција на неочекувани шокови во структурата на индустријата. Овде како примери може да се наведат технолошките иновации, неискористените капацитети и соодветната потреба за консолидација или дерегулација. На пример, дерегулацијата е клучниот фактор кој дава објаснување на бранувањата кои се случуваат во 90-тите години на минатиот век во банкарската и телекомуникациската индустрија. Друго можно објаснување за соединувањата и преземањата
(М&A) се базира врз идејата на информативната каскада: за трансакциите за соединувања и преземања (М &A) се информираат агенти, кои во слични околности сакаат да ја достиганат профитабилноста со слични активности. Како резултат на тоа што во еден момент се јавува првата трансакција во индустријата, веројатноста за појава на други слични договори и трансакции се зголемува. Активностите за соединување и преземање може да се анализираат од неколку различни перспективи (стратешки, финансиски, сметководствени, правни итн.)

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2017-05-03
How to Cite
Davcev, L., & Jovanov, T. (2017). СОЕДИНУВАЊА И ПРЕЗЕМАЊА (М & A) И УЛОГАТА НА ИНВЕСТИЦИСКИТЕ БАНКИ ВО ОВИЕ ПРОЦЕСИ. Yearbook - Faculty of Economics, 4(1), 109-119. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/1850

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 > >>