КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ

  • Viktor Atanasovski
  • Elena Veselinova

Abstract

Во фокусот на овој труд е анализата на креирањето на конкурентска предност, како предуслов за стратегиски-долгорочен опстанок на организацијата во услови на совршена конкурентска структура на пазарот. Главната дел е да се дефинира и сублимира потребата за разбирање на натпреварот, како и на потрошувачите, преку истражување на натпреварот, согледување на основите на конкурентската маркетинг стратегија, базирана врз креирање на вредности за потрошувачите, како и воочување на потребата од балансирање на ориентациите на потрошувачите и конкурентите во изградувањето на вистинска пазарно-ориентирана организација. Резултатите од истражувањето водат кон заклучок во кој се потенцира дека денешните компании се соочуваат со најтешката конкуренција досега. Разбирањето на клиентите е важен прв чекор во развивањето на врски со клиентите, но тоа не е доволно. За да добијат конкурентска предност, компаниите мораат да го употребат ова разбирање за да дизајнираат понуди на пазарот кои носат поголема вредност од оние на конкурентите кои се борат за истите клиенти. Конкурентската интелигенција нуди големи предности во областа на развивањето на производите. Познавањето на напредокот на производите, процесите и технологијата на конкурентите е многу корисно во конкурентскиот пазар. Трговската тајна, информација која создава вредност за компанијата бидејќи останува тајна, често создава голема љубопитност кај конкурентите. Компаниите понекогаш одат далеку да ги откријат овие тајни. Тие развиваат техники за да дојдат до информации, понекогаш на границите на етиката и законот.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-10-07
How to Cite
Atanasovski, V., & Veselinova, E. (2019). КРЕИРАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА КОНКУРЕНТСКА ПРЕДНОСТ. Yearbook - Faculty of Economics, 17(1), 107-118. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3272

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2