УЛОГАТА НА ЕФЕКТИВНО ЛИДЕРСТВО ВО ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА
Keywords:
ефективност, лидерство, менаџмент, организации, организациска култура, способностиAbstract
Целта на овој труд е да ја истражи улогата на ефективното лидерство во обликувањето на организациската култура, со фокус на идентификацијата и анализата на различните модели на менаџерско лидерство. Предметот на истражувањето ги опфаќа односите
помеѓу лидерските стилови и организациската ефективност, додека емпирискиот корпус се базира на анализи од релевантна литература и примери од практиката. Техниките на анализа вклучуваат споредба на карактеристиките на ефективно и неефективно лидерство, како и идентификација на основните предизвици и можности за подобрување на организациските перформанси. Клучните резултати покажуваат дека успешното лидерство значително ја зголемува продуктивноста, мотивацијата и тимската кохезија, додека недостатокот на лидерски вештини води до слаба организациска култура и намалена конкурентност. Трудот заклучува дека развојот на системски пристапи за усовршување на лидерските способности е клучен за долгорочниот успех на организациите.