AНАЛИЗА НА ПРЕДНОСТИТЕ И НЕДОСТАТОЦИТЕ НА ОДДЕЛНИ СТРАТЕГИСКИ АЛТЕРНАТИВИ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО МЕЃУНАРОДНИОТ БИЗНИС
Keywords:
меѓународен бизнис, извоз, лиценцирање, франшизирање, стратегиски партнерства, мерџери и аквизиции, странски директни инвестиции.Abstract
Во фокусот на овој труд е анализата на предностите и недостатоците на одделни стратегиски алтернативи за влегување во меѓународниот бизнис. Главната цел е да се дефинираат и сублимираат предностите и недостатоците на одделни стратегиски алтернативи, а преку анализа на клучните специфики на секоја од понудените алтернативи, се нуди можност за препознавање на најсоодветниот избор за проширување на бизнисот кој може да го применат претпријатијата. Резултатите од истражувањето водат кон заклучоци дека постои доминантност на СДИ како меѓународна стратегија во однос на останатите алтернативи, но потребно е да се нагласи дека најчесто оваа стратегиска алтернатива ја реализираат странски претпријатија во рамките на Република Македонија, а за жал ограничен број македонски претпријатија на странските пазари.