УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС НА ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ ОД СТРАНСКИ ДОНАТОРИ - СОВРЕМЕН ПРИСТАП НА МЕНАЏИРАЊЕ
Keywords:
проект, донатори, финансирање, менаџирање, основни елементи, современ пристапAbstract
Менаџирањето на проекти финансирани од странски донатори (Европска Унија, САД и сл.) е во постојан раст во последните години, особено со развојот на различни видови организации кои обединуваат експертиза од различни области. Еден од клучните аспекти на одреден
проект, откако истиот бил подготовен, поднесен и одобрен за финансирање во било која програма, е неговото спроведување. Фазата на спроведување се состои од два интегрални дела: Формален дел кој вклучува документација, правила, известување и други активности; Суштински дел кој ја поставува основата за спроведување и која вклучува мерки за квалитет, остварување на поставени индикатори на ниво на проект и програма и сл. Токму сложеноста на процесот на управување со донаторски проекти наметнува потреба од современ пристап во нивното севкупно менаџирање.