ПОЗНАВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ КАКО КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ФОРМУЛИРАЊЕ НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА

  • Trajko Miceski
  • Natasa Stojovska
Keywords: потрошувачи, однесување, познавање, маркетинг стратегија, формулирање, фактори.

Abstract

Доброто познавање на однесувањето на потрошувачите е непобитен
фактор за градење на успешна маркетинг стратегија. Разбирањето на
нивните барања и перципирани вредности се смета за едно од најсложените
прашања во теоретските концепции на маркетингот, а основната причина
за ваквиот третман лежи во индивидуалноста на секој потрошувач во
процесот на купување.
Најсоодветен пристап за осознавањето на однесувањето на
потрошувачите е проучувањетo на: индивидуи, групи или организации,
како и процесот во кој тие избираат, обезбедуваат и располагаат со
производи, услуги, искуства или идеи за да ги задоволат потребите, како и
влијанието кое овој процес го има врз потрошувачот и општеството. Овде
се комбинирани елементи од психологијата, социологијата, социјалната
антропологија и економијата.
Поради неопходноста за разбирање на потрошувачите, во овој труд
се анализирани сите фактори кои имаат влијание врз нивното однесување
во процесот на купување. Оваа анализа е клучен чекор во процесот на
формулирање маркетинг стратегија, бидејќи секоја маркетинг стратегија
која ги зема предвид овие фактори ги антиципира идните промени кај
однесувањето на потрошувачите и го приспсобува маркетинг миксот во
согласност со овие промени, ќе биде успешна.

Downloads

Download data is not yet available.

References

Del I. Hawkins, David L. Motherbaugh Consumer behaviour-Building
marketing strategy” McGraw-Hill College,11th edition, 2009
Del I.Hawkins, Roger J.Best, Kenneth A.Coney, “Consumers Behavior -
Implication for Marketing Strategy”, 4th edution, Richard D.Irwin, Inc.,
Homewood, Boston, 1989
Radmila Živkovic “Ponašanje potrošaća” prvo izdanje, Univerzitet
Singidunum, Beograd, 2011
Sabin Kuester, “Strategic Marketing & Marketing in Specific Industry
Contexts”, University of Mannheim, 2012
www.hdr.undp.org
www.worldbank.org
Published
2020-12-09
How to Cite
Miceski, T., & Stojovska, N. (2020). ПОЗНАВАЊЕТО НА ПОТРОШУВАЧИТЕ КАКО КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ФОРМУЛИРАЊЕ НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈА. Yearbook - Faculty of Economics, 5(1), 127-137. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3815