МОДЕЛ НА SOLOW ВО МАЛА ОТВОРЕНА ЕКОНОМИЈА
Abstract
Во базичниот модел на Slow единствен извор на финансирање на домашните инвестиции е бруто националното штедење. Ова претставувала добра апроксимација на реалноста се додека тековите на меѓународниот капитал сѐ уште биле на релативно ниско ниво. Драматичното зголемување на меѓународната мобилност на капиталот, во последните неколку декади ја променија таквата состојба. Имено, во така изменети услови, земјата може да финансира дел од домашните инвестиции преку странски капитал, или пак, земјата може да инвестира дел од сопствениот капитал (штедење) во странство. Целта на трудот е анализа како меѓународната мобилност на капиталот влијае врз динамиката на акумулација на капитал во поединечна економија, во која пазарот на капитал е целосно интегриран со светскиот пазар на капитал, односно анализа дали мобилноста на капиталот (финансиската интеграција) создавајќи можност за задолжување во странство носи придобивки или потенцијални загуби за економијата? Таквата анализа ќе биде направена преку примена на моделот на Solow во услови на отворена економија.