УРБАНИОТ ТУРИЗАМ ПРЕКУ МОДЕЛОТ НА ТРАНЗИТНИОТ ТУРИЗАМ НА ГРАД СКОПЈЕ

  • Riste Temjanovski
Keywords: транзитен туризам, транзит проток, транспортни модели, транспортните коридори, транспортни јазли, мобилност.

Abstract

Во овој труд се разгледува корелацијата меѓу транспортната инфраструктура и транзитниот туризам во урбаните средини. Транспортната инфраструктура го претставува 'рбетот на економскиот раст на една од најважните човекови активности во светот. Размената на стоки, патувањата и туризмот меѓу народите може да се развива само со добро разработена транспортен систем. Транспорт е составен дел на туристичката индустрија и значаен катализатор без кого туризмот не може да опстане. Зголемувањето на обемот на туристичкиот сообраќај има значителни последици за транспортот и подобрувањето на транспортот има силно влијание и континуиран успех на туристичката индустрија во многу региони. Но, транспорт и патувањата би можеле да се дискутираат без да се земе предвид туризмот, но туризам не може да напредува без да се опфатат патувањата. Транзитниот туризам е еден од најсилните економски погони во туристичката понуда на секоја земја. Овој туристички модел несомнено станува важен туристички погодност и се бара постојано поголема вклученост на јавните власти, бидејќи економските и социјалните прашања кои се вклучени кај инвестициите на високо ниво (често јавно) побаруваат инфраструктура, опременост и промоција. Земајќи ги предвид подрачјата со туристички потенцијал кои постојат во нашата земја, во овој труд е анализиран главниот Град Скопје, како транзитно туристичко подрачје, чии разновидни ресурси можат да понудат безброј можности за развој во оваа област. Во текот на последните неколку децении настанаа брзи технолошки, архитектонски и културно промени, со што дојде и до целосна трансформација на духот и туристички структурата на нашите градови, посебно на нашиот главен град Скопје. Подобрувањето на транспортната конекција значително ќе помогне на поддршка на растечката економија на туризмот во Република Македонија, стимулирање на повеќе туристи и јакнењето на транзитниот туризам. Скопје станува транзитна и викенд туристичка Мека за повеќето странски туристи од соседството. 

Downloads

Download data is not yet available.

References

1. Државен завод за статистика на Република Македонија (2016): Транспорт и други услуги, 2015 = Transport and other services, 2015. - Skopje :State Statistical Office of the Republic of Macedonia, 2016.стр.82.
2. Државен завод за статистика на Република Македонија (2016): Туризам во Република Македонија 2011-2015. – Скопје: Државен завод за статистика, 2016.стр.6.
3. Државен завод за статистика на Република Македонија 2017 http://www.makstat.stat.gov.mk [30.03.2017]
4. Државен завод за статистика: Транспорт и други комуникации во Република Македонија 20012002 година. „Статистички преглед” бр. 452, 2003. стр. 54; „Статистички преглед” бр. 337, 1999. стр. 57; „Статистички преглед” бр. 289, 1997. стр. 56.
5. Leiper, N. (1990). The Tourism System. an Interdisciplinary Perspective. Department of Management Systems, Massey University, Plamerston North, New Zealand .p.11
6. Стојмилов А. (1992): основи на туризмот. Скопје: Просветно дело, 1992. стр. 85.
7. Темјановски Ристе, Атанасоски Драшко (2015): Меѓународен транспорт и шпедиција. Штип: УГД, Економски факултет, 2015. [Универзитетски електронски учебник]. стр.163-164.
8. Темјановски Ристе, Стојмилов Александар (2016): Економско-географски процеси и промени во светот и Република Македонија. Штип: УГД, Економски факултет, 2016. [Универзитетска електронска монографија] стр.270.
9. Štetić S.(1995): Saobraćaj i turizam. Beograd, 1995.str.33.
10. UNWTO (2010): UNWTO Tourism Highlights. UNWTO Publications Departments, 2010. p.11.
Published
2020-12-13
How to Cite
Temjanovski, R. (2020). УРБАНИОТ ТУРИЗАМ ПРЕКУ МОДЕЛОТ НА ТРАНЗИТНИОТ ТУРИЗАМ НА ГРАД СКОПЈЕ . Yearbook - Faculty of Economics, 12(1), 189-202. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3875

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 5 6 7 > >>