УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТЕН РИЗИК СУШТИНА, ПОТРЕБА, ЗНАЧЕЊЕ И ПОЛИТИКА НА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТНИОТ РИЗИК
Keywords:
банкарски ризици, стратегија, деловна политика, мерки, минимизирање на ризик, диверзификацијаAbstract
Во банкарското работење значаен фактор за водење успешна деловна политика на една современа банка е управувањето со кредитниот ризик. Управувањето со крединиот ризик може да се дефинира како множество составено од превземни деловни мерки и одлуки во функција на намалување или целосно елиминирање на ризикот. Целта на управувањето со кредитниот ризик е банката да може непречено да ги извршува своите обврски со прифатливо ниво на ликвидност, приходи и трошоци овозможено од квалитетното кредитно портфолио. Политиката на управување со кредитниот ризик опфаќа значителен број на организациски аспекти, кои се однесуваат на јасно дефинираната хиерархија и нивоата на одлучување, имплементација на кредитите како и дефинирање на процедури за управување на наплата на каматата и главницата, контола и следење на целиот кредитен процес. Клучен фактор за успешно управување со кредитниот ризик на банките е стабилноста на макроекономското опкружување.