РИЗИК И ПРИНОС НА АКЦИИ ОД МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ

Authors

  • Nadica Petreska
  • Ilija Gruevski
  • Stevan Gaber

Keywords:

Ризик, стапка на принос, САРМ модел, бета коефициент, МБИ-10, акција, портфолио, итн.

Abstract

Во овој труд се измерени и претставени стапките на принос на берзанскиот индекс МБИ10 и на акциите кои него го конституираат. Така е извршена оценка на профитабилноста, но и на степенот на ризичност на домашниот пазар на акции, а тоа е постигнато со употреба на традиционалниот методолошки пристап на САРМ, како еден од најпопуларните методи за таа цел. Анализата на долгорочната (логаритамска) стапка на раст на пазарното портфолио укажува дека вредноста на македонските компании е речиси дуплирана за период од 15 години. И во поединечна смисла на зборот, македонските компании ја одржаа својата профитабилност на задоволително ниво во набљудуваниот временски хоризонт. Притоа е констатирано потфрлување на поголемите компании во поглед на профитабилноста, што упатува на достигнатата зрелост во нивниот развој. Споредбата, пак, на бета коефициентите со стапките на принос, покажува големо разграничување и неконзистентност на висината на приносите со измерената бета, спротивно на теоретските постулати на моделот САРМ.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2020-12-20

How to Cite

РИЗИК И ПРИНОС НА АКЦИИ ОД МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ. (2020). Yearbook - Faculty of Economics, 21(1), 37-51. https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3929

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>