Структурата на капиталот како фактор во вреднувањето на претпријатијата и инвестиционите вложувања
Abstract
Едни од најпознатите категории со кои се занимава теоријата за финансиите во процесот на донесување долгорочни инвестициони одлуки се структурата на капиталот и просечната ценана капиталот. Првата од нив укажува на видот на капиталот од кој што структурата на капиталот е составена. Најчесто се среќаваат три различни типа на капитал кои им стојат на располагање на инвеститорите:заеми и обврзници, обични акции и задржана добивка, како и издавањето на преференцијали или приоритетни акции. Сите тие си имаат посебни цени т.е. барани стапки на принос. Втората категорија е просечната цена на капиталот и таа се дефинира како просечна пондерирана цена на структурата на капиталот и посебните цени на одделните видови на капитал. Целта на овој труд е да се испита дали инвеститорите можат да детерминираат оптимална финансиска политика (оптимална финансиска структура) која ќе резултира со минимална просечна стапка на капиталот,а преку тоа и со максимизација на вредноста на капиталот на фирмата.
References
Fama E.F., French K.R.: “Size and book-to-market factors in earnings and returns”, Journal of fi nance, 1995.
Gallagher T.J., Andren J.D.: “Financial Management: Principals and practice”, Prentice Hall, London, 2000.
James Van Home: Financijsko upravljanje i politika, Financijski menedzment, Zagreb, 1993 god.
Modigliani F., M.Miller.: “The cost of capital, corporation fi nance and the theory of investment”, American Economic Review, 1958.
Арсов С.: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет – Скопје, 2008 год.
Несторовски М.: „Економија на инвестициите“, Економски факултет - Скопје, 2005 год.
Несторовски М.: „Инвестициона одлука“, Економски факултет - Скопје, 1996 год.
Спасов С., Арсов С.: „Финансиски менаџмент“, Економски факултет – Скопје, 2004 год.
Спасов С.: „Финансиски менаџмент“, Унија, Скопје, 1997 год.
Sharpe W.F.: “Capital Assets Prices: A Theory of market equilibrium under conditions of risk”, Journal of fi nance, 1964