МЕСТОТО И ЗНАЧЕЊЕТО НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: УЧЕСТВО ВО БДП, ИЗВОЗОТ И ВРАБОТЕНОСТА

  • Elena Veselinova
  • Goce Milevski
Keywords: текстилната индустрија, текстилни компании, БДП, извоз, вработување, Република Македонија

Abstract

Фокусот на овој труд е анализата на улогата на текстилната индустрија во националната економија на Република Македонија. Главната цел е да се утврди што ја одредува вистинската структура во оваа конкретна индустрија и како тоа влијае на националните економски категории, како што се: бруто домашниот производ, извозот и нивото на вработеност. Резултатот од истражувањето е дека повеќе од една третина од вкупниот извоз, како и повеќе од една третина од вработеното население во производствениот сектор, е дел од текстилната индустрија, но оваа индустрија создава само 3 % од националниот БДП. Заклучоците покажуваат дека погоре наведената статистика се должи на многу ниското ниво на дополнителна вредност кај сите производи што го сочинуваат извозот на оваа индустрија. Се очекува развиените земји да ги задржат креативните активности на производниот процес во своите ланци на вредности и да ги пренесат основните производствени активности во други помалку развиени земји. Но, текстилните компании од земјите во Југоисточна Европа (меѓу кои и Република Македонија) би можеле да ја играат улогата на мост помеѓу модерните текстилни брендови и непознатите производители од Средниот и Далечниот Исток.

Downloads

Download data is not yet available.

References

1. Nikolova, Elena (2010), Градење на стратегија на претпријатијата во текстилната индустрија на Р. Македонија. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економски факултет – Скопје;
2. Veselinova, Elena and Gogova Samonikov, Marija (2013), The role and importance of the textile industry in the national economy of the Republic of Macedonia: share of GDP, exports and employment. Journal of Process Management – New Technologies, 1 (3);
3. Информации за текстилната индустрија, Стопанска комора на Македонија, Здружение на текстилната индустрија, Скопје, 2017;
4. Македонија во бројки, Државен завод за статистика, Скопје, 2009-2017;
5. Стратегија за развој на текстилната индустрија на Република Македонија, Министерство за економија, Скопје, 2007.
Published
2020-12-20
How to Cite
Veselinova, E., & Milevski, G. (2020). МЕСТОТО И ЗНАЧЕЊЕТО НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: УЧЕСТВО ВО БДП, ИЗВОЗОТ И ВРАБОТЕНОСТА . Yearbook - Faculty of Economics, 15(1), 197-203. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3906