Мерки на одбрана на акционерските друштва од преземање контрола
Abstract
Во модерното компаниско право и корпоративна практика, мерките на одбрана од непријтелско преземање претставуваа најсложената и најкомплексната материја во рамки на преземањето. На значењето и комплексноста на проблематиката укажува и фактот што на ниво на ЕУ на прашањето му е посветена цела директива. Мерките на одбрана во одделните правни системи се развиваат паралелно со офанзивната стратегија на потенцијалните преземачи на контрола. Ова од причина што мерките на одбрана се реакција на обидот потенцијалниот преземач да ја преземе компанијата спротивно на интересите на акционерите и управата. Развојот на мерките на одбрана е во непосредна врска со политиката што определeнa држава ја креира во однос на ова проблематика. Искуствата покажуваат дека земјите кои се повеќе отворени за влез на странски капитал акцентот го ставаат на развојот на преземањето односно пазарот на корпоративна контрола. Во секој случај, на становиште сме дека секое преземање кое реално е во интерес на друштвото и акционерите би требало да се поддржува. Ова во смисла на тоа што голем број од мерките на одбрана претставуваат вештачка творба на менаџментот на компанијата преку која исклучиво се штитат личните позиции на директорите. Оттука сметаме дека злоупотребата е доминантна кога станува збор за креирањето дефанзивна стратегија од страна на органот на управување.References
Радовић В., Мере одбране акционарског друштва од преузимање контроле, Београд, 2008.
Steinbächer J., Defense Strategies against Hostile Takeovers, International University of Monaco, 2007.
Buxbaum R.M., European business law: Legal and Economic analyses on integration and harmonization, New York, 1991;
DePamphills D.M., Mergers, acquisition, and other restructuring activities, Amsterdam, 2005.
Barbić J., Dioničko društvo, Zagreb, 2000.
Siems M.M., Convergence in shareholder law, Cambridge, 2008.
Hunt P., Structuring merger & acquisition: A guide to creating sharegolder value, New York, 2004.
Adolff J., Meister B., Randell C., Stephan K.D., Public Company Takeovers in Germany, USA, 2002.
Ferrarini G., Shareholder value and the modernization of European corporate law, 2003.
Directive 2004/25/EC of the European Parlament and of the Council of 21 2004
takeover bids (Ofi cial Journal L 142) од 30 /04/2004/ година.
Закон за преземање на акционерски друштва (Сл.Весник 4/02, 37/02, 36/07).