Акредитивот како средство за плаќање во меѓународниот промет
Abstract
Паралелно со развојот на интернационалниот пазар, се развива акредитивот и неговата меѓународна правната рамка. Намерата на авторот во овој труд не е детално да ги разработи сите видови акредитиви, туку да направи селекција на оние кои се посебно значајни во банкарската практика и да се обиде да анализира и елаборира некои од суштествените прашања за кои е врзан акредитивот. Акцентот во трудот не е случајно ставен на документарниот акредитив. За неговата важност во меѓународната трговија зборува фактот што на проблематиката е посветен глобален сет од правни прописи, познати како Еднообразните правила и обичаи за документарниот акредитив уште од 1933 година. Низ целиот текст се огледа пристрасноста за примена на Еднообразните правила и обичаи за документарниот акредитив. Имено, авторот констатира дека примената на овие еднообразни правила е логична и неопходна и за трансакциите во домашниот промет. Авторот е на становиште дека овие правила претставуваат – кодифицирани меѓународни обичаи чија примена се заснова на претпоставената волја на странките. Низ текстот авторот покренува неколку теоретски дилеми, искажувајќи го своето мислење истовремено оставајќи простор за понатамошна продлабочена анализа на проблематиката. Конечно, авторот преку елаборирање на видовите акредитиви ги разработува и правните односи кои настануваат со склучувањето на ова правно дело.
References
Mugasha A.: The law of letters of credit and bank guarantees, Sydney, 2003.
Gao X.: The fraud rule in the law od letter of credit: comparative study, Netherland, 2003.
Gorenc V.: Trgovačko pravo – ugovori, Zagreb, 2000.
Василевић М.: Трговинско право, Београд, 2006.
Draškić M.: Međunarodno privredno pravo, Beograd, 1990.
Закон за облигациони односи („Сл. весник на РМ“ 18/01, 78/01, 04/02, 59/02, 05/03 и 84/08).
Uniform Customs and Practice for Documentary Credit, UCP (1933, 1951, 1962, 1974, 1983 и 1993).