Ликвидацијата на отворените инвестициски фондови се одвива во постапка, која е различна во зависност од причините поради кои настанува ликвидирањето на отворените фондови. Оттука, и иницијативата на авторот за изработка на еден ваков краток труд каде што акцент ќе се стави исклучиво на ликвидирањето на отворените инвестициски фондови и друштвата за управување на отворените инвестициски фондови. Со цел полесно согледување на причините за ликвидирање на отворените фондови, во апстрактна смисла се издвоено прикажани причини за ликвидирање на фондовите и причините за ликвидирање на друштвата за управување со отворени инвестициски фондови. Терминацијата, односно ликвидацијата на друштвата претставува сложена постапка која настанува со или спротивно на „волјата на друштвото“. Затоа и ликвидацијата на отворените инвестициски фондови иницира отворање дилеми поврзани со оваа проблематика, оставајќи простор за понатамошна анализа.