Воведување на вркстено испрашување преку одредбите на новиот закон за кривична постапка
Abstract
Реформата на Законот за кривична постапка се јавува
како резултат на потребата од поголема демократичност при водењето
на постапката, проследена со засилена правична постапка која се темели
на акузаторни елементи. Воведувањето на вкрстеното испрашување
е всушност и е сенцијалниот дел на круциелната измена на кривичната
постапка. Оваа техника е клучна призаменување на главниот претрес
со главна расправа и создава можност за поголем странечки активизам
проследен со нагласена контрадикторност. Рамноправноста е овозможена
со еднаквоста на оружјето и создава простор за градење на случај од обете
страни кои пасивниот судија објективно ги валоризира.
Битноста на техниката вкрстено испрашување, создава чувство дека
се работи за цел посебен стадиум на кривичната постапка. Умешноста и
солидната теоретска поткованост која ќе ја внесат страните во него го пред
одредува и текот на расправата и целиот нејзин исход. Овде се заканува
и можност за манипулација и тероризирање на сведоците и вештаците.
Затоа претходното детално проучување на „правилата на игра“ сеповеќе
од нужни за правилна имплементација на одредбите од новиот Закон за
кривична постапка.
Клучни зборови: вкрстено испрашување, директно испрашување, дополнително испрашување, главна расправа, сведоци, контрадикторност.