ЕТИЧКИТЕ АСПЕКТИ НА СУРОГАТСТВОТО НАСПРОТИ СТАВОВИТЕ НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

  • Елена Иванова
  • Дејан Маролов

Abstract

Кога правото почнува да ги оковува семејните и
лични прилики на поединците настануваат најжестоките расправи за
правичноста на законите. Субјективната страна на правичноста, пак,
изродува мноштво дилеми, па материјата станува кревка и подложна
на промени. Сурогатството и целиот процес на носење дете за друг
е најранливата тема која лесна преминува од семејната сфера, во
медицинската сфера за да лесно заврши во кривичната сфера. Актите
донесени од алтруистички побуди сосем ретко остануваат недопрени од
зло и искористени преку нивната базична намена.
Проучувањето на вакви материи е нужно за да се превенираат
опструкциите кои можат да бидат сторени на нешто сосем чисто.
Сепак, со доза на скептицизам, тргнувајќи од идејата „за едни мајка за
други маќеа“, мораме да ја потенцираме преголемата инволвираност
на човековиот интелект во секоја сфера од животот, дури и онаму каде
можеби е неповикан.
Развојот на медицината во корист на семејството е секогаш
добредојден, но за негова сметка се запоставува посвојувањето од кое
зависат мноштво животи. Постоењето на меѓународно сурогатство е
за поздравување, но недостигот на правна рамка на меѓународен план
и негативниот судир на законите во тој поглед, досега надвиснува над
успешно завршените процедури.
Ова е само дел од прашањата кои ќе бидат опфатени во трудот, а за
поголем дел се остава да покаже праксата како ние како мала држава ќе
се снајдеме со големите чекорења во оваа област.
Клучни зборови: сурогатство, законска регулатива, етички
дилеми

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)