ПРАВОТО НА ОБРАЗОВАНИЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАКТИКАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

  • Елена Максимова
  • Дејан Маролов

Abstract

Правото на образование е едно од фунаменталните права во современото и демократско општество. Ваквото право е од недвосмислена важност при остварувањето на останатите човекови права, слободата и независноста на секоја индивидуа. Државата е должна да го почитува остварувањето на ова право и правото на родителите да го обезбедат ова право согласно нивните религиозни и филозофски убедувања.

Европската конвенција за човекови права и изречно го уредува во член 2 од Протоколот 1, според кој се гарантира индивидуално право на образование. Европскиот суд за човекови права констатирал дека правото на образование го опфаќа основното образование, средното образование, високото образование и специјализирани курсеви, а дека и возрасните како и децата го уживаат ова правото.

Начинот на кој ова право се реализира не е ослободено од повремени дискриминаторски пракси. Ваквите пракси за жал се сеприсутни и се далеку од илузорни. Што повеќе се и наше секојдневие кое е потврдено и со пресудата Elmazova аnd Others v. North Macedonia од 13 декември 2022 година, за дискриминација во локално училиште во Штип.

Затоа, интенцата на авторите е преку научен приказ на содржината на член 2 од Протокол 1, како и праксата на Судот во оваа област и формираните ставови да ја потенцираме важноста на правото на образование ослободено од дискриминаторски практики. Исто така во трудот ќе ја покажеме практичната примена на Протоколот и правото на образование загарантирано во Конвенцијата, но и недостатоците на државите при реализација на гаранциите на овој Протокол, со посебен осврт кон Република Македонија.

Published
2024-02-20

Most read articles by the same author(s)