МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО СВЕТОТ НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА

  • Дејан Маролов
  • Елена Максимова

Abstract

Овој труд прави осврт на најважните правни акти од областа на
меѓународното право за животна средина како дел од меѓународното право во ерата на
глобализацијата, каде проблемите се поретко можат да се класифицираат како чисто локани.
Заради претходново, трудот ги детектира поважните теории од оваа област како и поважните
правни акти на меѓународно ниво комбинирајќи ги меѓусебно. Конечно, се прави увид и во
судската пракса на меѓународно ниво. Од сето претходно можат да се извлечат соодветни
заклучоци за меѓународното право на животна средина и начинот и степенот на кој истото влијае
врз зачувувањето на животната средина ширум целата планета.
Клучни зборови: Меѓународно право, животна средина, правни акти

Published
2019-05-27

Most read articles by the same author(s)