КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Authors

  • Страшко Стојановски
  • Дејан Маролов
  • Наташа Мирославева

Abstract

Понекогаш конфузната природа на градењето на нацијата (нациите) и национализмот во доцноосманлиска Македонија е прашање кое ја преокупира научната мисла повеќе од еден век. Суштината на градењето на македонската протонационална, а потоа и етнонационална свест е во автентичниот израз на создавање на идејата на посебност наспроти другиот, традиционалната религиска, лингвистичка, територијална и политичка афилијација на македонскиот селанец и протодржавните структури вообличени во рамките на МРО. Сепак, во доцниот 19-ти и раниот 20-ти век, јасно ќе се искристализира идејата за целосно оформен Македонски национален идентитет, кој како проекција го гради Крсте Петков Мисирков. Од аспект на современите теории за нациите и национализмите, во Македонија се воочува присуството и на територијално-политичкиот и на етно-јазичниот модел. Исто така, многу јасно воочливо е трансформирањето на идентитетската диференцијација преку доминантно религиската примарна идентификација врамена во османлискиот милет систем, преку панславизмот, во чист национализам. Сите овие фази се контингентни, што значи следната ја инкорпорира претходната.
Клучни зборови: Македонија, нации, национализам, идентитет, Крсте Петков-Мисирков.

Downloads

Published

2026-01-23

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>