РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА: ЕТНОЛИНГВИСТИЧКИТЕ И ТЕРИТОРИЈАЛНО-ПОЛИТИЧКИ ОСНОВИ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

  • Страшко Стојановски
  • Димитар Љоровски

Abstract

Потеклото на балканските национализми предоминантно
се поврзува со нивното органско потекло, објективни карактеристики и
културните и јазични црти како основа на нивните национални карактери.
Но, во релноста, чувството за заедничка припадност подеднакво е
обликувано од политичките средства и особено преку масовните
образовни институции, како што се на пример образованието и црквата.
Во овој труд, преку споредбена анализа на етнолингвистичкиот карактер
на групата и факторите на влијание кои се продукт на политичката
мобилизација, се прави обид да се следат моделите и карактеристиките
на развој на македонскиот протонационален идентитет. Македонскиот
идентитет јасно се развива низ три фази: панправославие, панславизам и
чист национализам. Во исто време можеме да ги лоцираме двата модели
на градење на национализмот - етнолингвистичкиот и политичкиот.
Последниот е јасно генериран од чуството за припадност кон одредена
територија, во случајов Македонија, како и од чувствствството за
заедничка татковина, што се врзува со споделувањето на ист географски
простор и произведува ефективна солидарност. На крајот се прави преглед
на процесот на македонското просветителско движење во 19 век, за да се
заврши со познатото дело на К. П. Мисирков „За македонцките работи“.
Клучни зборови: Македонија, идентитет, нација, национализам, јазик, етницитет, политика

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)