НАЦИОНАЛНАТА МОБИЛИЗАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ВО ОДНОС НА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

  • Димитар Љоровски Вамваковски
  • Донче Тасев
  • Страшко Стојановски

Abstract

Современите аспекти на „Македонското прашање“ во голема мера се
поврзани со т.н. „разлики околу името“ Република Македонија, кои со годините, еволуираа во
мултидимензионален спор помеѓу Македонија и Грција, инкорпорирајќи повеќе спорни аспекти
поврзувајќи во себе различни политички, семантички, културни, етнички и историски прашања.
Оттука, при секое интензивирање на процесот на преговори, вклучително и протекувањето на
информации во текот на преговорите, или склучувањето на т.н. Преспански договор, беа
проследени со одредено ниво на флуктуирачка чувствителност и мобилизација на граѓаните,
делови на граѓанскиот сектор, но и одредени (полу)независни институции во двете држави, при
што истите себе си се определуваат како „заштитници на нацијата“.
Следејќи ја динамиката на текот на настаните, во овој труд ќе се направи обид за компаративна
анализа на прашањата за генерирање на политичка мобилизација во Грција, поврзани со
„Македонското прашање“. Преку ваквите анализи се обезбедува контекстуална опсервација на
реакциите на грчкото јавно мислење за процесот на преговори помеѓу официјалните Влади на
Македонија и Грција. Притоа, се опфатени новите процеси на преговарање од 2017 година,
проследени со масовни собири и протести во Атина и Солун во почетокот на 2018 година, а во
услови на презентирање на последните идеи во тој период на специјалниот претставник на ООН
Метју Нимиц.
Клучни зборови: Македонско прашање, политичка мобилизација, Македонија, Грција, спорот за името

Published
2019-05-27

Most read articles by the same author(s)