РЕЛИГИЈА И РЕЛИГИСКАТА ДИСТАНЦА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Abstract
Овој труд се темели на две истражувања реализирани
од истражувачки тим од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во
текот на 2015 година. Религиската дистанца како примарен сегмент на
општествената организација, заедно со етничката припадност, е клучен
фактор за детерминирање на меѓугрупните односи во македонското
општество. Оттука, ставовите на испитаниците тангираат прашања
поврзани со различни сегменти на религиската организација и убедувања,
но и ставови кои истата ја ставаат во корелативни односи со политичката
мобилизација и меѓуетничката коегзистенција. Токму создавањето на
предуслови за меѓурелигиска коегзистенција се поврзува со можноста
одредени групи да градат повеќе или помалку инкулзивни ставови во
однос на натпреварот за ресурси во релациите со останатите групи.
Доминантноста на биконфесионалниот модел, со одредени исклучоци,
ја пресликува политичката позадина на доминацијата на политичката
мобилизација во Р. Македонија.
Клучни зборови: религија, политичка мобилизација, религиска
дистанца, Македонија, инклузивност