СОВРЕМЕНОТО УЧИЛИШТЕ КАКО ОРГАНИЗАЦИСКИ СИСТЕМ

  • Емилија Петрова Ѓорѓева
  • Снежана Мирасчиева
  • Ирена Китанова
  • Даниела Коцева

Abstract

Училиштето е мошне стара воспитно - образовна организација која, гледано историски се менува зависно од општествените промени и се приспособува кон новите барања на општеството и неговите членови. Благодарение на тој свој динамизам, училиштето успеало да преживее многу постапни и револуционерни општествени промени, успешно
сообразувајќи се со ново настанатите услови и околности, добивајќи нова функционална и соодветно дизајнирана ефикасна структура.
Современото училиште претставува комплексен и сложен организациски систем. Тоа произлегува од секојдневните односи на релација наставник - ученик, наставник - наставник и наставник – директор. Притоа, честа е појавата на т.н. “судир на генерации“. Тоа практично значи судир на две култури, културата на возрасните (образувачи и воспитивачи) и културата на младите-новите генерации (оние што се образуваат и воспитуваат). И сето тоа се одвива во една средина со свое опкружување и создаден амбиент во кој се реализира наставниот процес, со индивидуалните и споделените перцепции, ставови и мислења на членовите низ кои се случува животот во училиштето. Таа средина и тоа опкружување се карактеризираат со специфична организациска клима и организација на работењето на училиштето.

Published
2017-01-12