ИНТЕРКУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА И ИНТЕРКУЛТУРНА КОМПЕТЕНЦИЈА ВО МУЛТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО
Keywords:
комуникација, интеркултурна комуникација, интеркултурна компетенција, разлики, културна самосвестAbstract
Комуникацијата е од суштинско значење за човечкиот живот и е една од највредните вештини коишто можеме да ги развиваме во нашиот приватен и професионален живот. Една изрека вели: комуникацијата е клучна за поисполнет живот. За да бидеме ефективни во комуникацијата, мора да сфатиме дека секој човек различно го перцепира светот и затоа го користиме ова разбирање како водич за нашата интеракција со другите. Додека луѓето ширум светот споделуваат многу сличности, нашите разлики се оние што навистина нѐ дефинираат. Оттука, интеркултурната комуникација е особено важна бидејќи, ни овозможува да изградиме значајни и вредни односи со другите, додека негуваме почит и ценење на различностите. Да заклучиме, преку интеркултурната комуникација, развиваме и интеркултурни компетенции како што се: културна самосвест, отворен ум, емпатија, активно слушање и вештини за решавање проблеми.