ЈАЗИКOT И ГОВОРОТ ВО ФУНКЦИЈА НА ОПШТЕСТВЕНА И ИНДИВИДУАЛНА АДАПТАЦИЈА

  • Даниела Коцева
  • Шукрије Барути
  • Снежана Мирасчиева
Keywords: пречки, говор, јазик, дискриминација, училиште

Abstract

Јазикот има голема улога во развојот, пренесувањето и адаптирањето во рамките на едно општество. Тој овозможува широко поле на комуникација ги поврзува луѓето во групна интеракција и со тоа им помага да се вклопат и преживеат во општествената средина. Да се говори за пореметувања во говорот е широка и сложена тема. Денес на таквите пореметувања им се дава голема важност бидејќи голем број на деца се поистоветуваат со деца со такви тешкотии што е голем предизвик во секојдневниот живот. Овие деца, најчесто се дискриминирани од врсниците, не се прифатени во разни социјални групи, а тоа пак како последица има појава на разни видови фрустрации кај нив.
Врз основа на сознанието дека јазикот и говорот кај децата почнува уште во утробата на мајката, тогаш родителите максимално се вложуваат на развојот на детето, говорејќи во стомакот на мајката, пеејќи, читајќи. Но често пати разни фактори влијаат на појавата на одреден вид на пореметување кај детето, без разлика на ангажираноста и влогот на идните родители. Затоа при соочување со пореметувањето, заедно со наставниците и јазичните терапевти се обидуваат да му помогнат на детето.

Published
2021-02-03