Веберовата теорија за власта: типови на легитимна власт
Abstract
Макс Вебер е еден од најзначајните основачи на
Социологијата со особено влијание во рамките на теоријата при
дефинирањето на моќта и власта. Предмет на анализа на овој труд се
идеалните типови на легитимна власт кои се темелат на традиционалните,
рационалните и харизматските основи. Општествената апликативност на
ваквите теоретски гледишта е во насока на Веберовата мисла, која сепак не
тврди дека идеалните типови се општоприсутни и доминантни во нивниот
чист облик, туку дека се препознатливи во рамките на сложените системи
на владеење, притоа градејќи комплексни корелативни меѓуодноси.
Клучни зборови: Макс Вебер, власт, моќ, бирократија, општествена промена.