ПРАВО НА ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА И ЛЕГИТИМНАТА ОСНОВА ЗА НЕГО

  • Наталија Шикова

Abstract

Сѐ до скоро на потребата за демократија се гледаше
како на внатрешна работа на државата и се прифаќаше системот кој
го оправдуваше мнозинството од населението во неа. Оваа практика
се менува. Најнапред, иако меѓународното право не ја поставува
демократија како услов за државност - сѐ поголем е притисокот на
меѓународната заедница кон државите во однос на воспоставувањето
демократски стандарди. Понатаму, најчесто демократијата се поврзува
со одржување слободни и фер избори, но тоа веќе не е доволен предуслов
за некоја држава да се смета за демократска.
Поради тоа што исклучивото фокусирање на изборните резултати,
не е доволен тест за демократска легитимност, потребно е да се определи
кои се претпоставките за поголема демократизација на општеството?
Најважните документи за човековите права го потенцираат правото
на сите граѓани да партиципираат во политичкиот живот на нивните
општества, а волјата на народот ја поставуваат како основа за авторитетот
на власта. Иако демократијата сѐ уште не е облигаторна норма која ја
дисквалификува државата од државноста, дури и во случај на широки
повреди на човековите права, постои простор за определување на
генерални стандарди кои би ја сублимирале заштитата на човекови права
и воспоставувањето демократски институции како израз на стабилност
и на легитимност на државите.
Клучни зборови: демократија, мнозинство, влади, стандарди,
меѓународно право, меѓународна заедница

Published
2019-04-27