ДРЖАВНОСТ И АСПЕКТИ НА ДРЖАВНОСТА ПРЕКУ ТЕКОВНИОТ СЛУЧАЈ НА КАТАЛОНИЈА
Abstract
Долго не постоела општоприфатена дефиниција за тоа што претставува поимот - државност. Меѓународниот суд на правдата (МСП) во повеќе свои документи посочува зошто е потребно концептот „држава“ да се гледа од аспект на целите на меѓународното право. Прашањата за државноста сè одново се отвораат при појавата на нов ентитет што, како - граничен случај, најчесто има одредени елементи на државност, но ретко ги има сите неопходни. Државноста се утврдува според традиционални и според дополнителни критериуми, но тоа е комплексно прашање чиј релевантен одговор секогаш зависи од реалниот социо-политички и историски контекст. Низ таа перспектива, а врз основа на правно заснован теоретски модел и преку теоретска симулација, овој документ ги испитува претпоставките и пречките за административната единица Каталонија што пледира да стекне државност преку сецесија од парламентарната монархија Шпанија.
Клучни зборови: државa, сувереност, независност, критериуми, административна единица