Музичкиот инструмент гајда и нејзините тонски карактеристики
Abstract
Гајдата како еден од најзастапените музички инструменти во фолклорната музичка традиција на Македонија има значајна улога во зачувувањето на нашата автентична изворна музика. Распространето стана гајдата во селските средини на целата територија на Македонија и присуството на гајдаџијата на домашни и верски прослави имало големо влијание во одржувањето на автентичната вокална, инструментална и играорна традиција. Со миграцијата село-град и пренесувањето на дел од обичаите од руралните средини, традиционалните музички инструменти,меѓу кои и гајдата, се пренесуваат и во градските средини каде постепено заземаат свое место во градењето на севкупниот музичко-културен живот. Во излагањето ќе произнесеме податоци околу потеклото,терминологијата, составните делови, видовите гајди, држењето завреме на репродуктивниот процес, распространетоста, употребата во Македонија и тонските карактеристики на гајдата.
References
Линин, А. (1986). Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, Македонска книга.
Линин, А. (1978). Македонски инструментални орски народни мелодии, Скопје, Институт за фолклор „Марко Цепенков“,Македонска книга.
Џимревски, Б. (1996). Гајдата во Македонија, Скопје, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Македонско народно творештво - Орска и инструментална народна традиција, книга 5.
Gojković, A. (1989). Narodni muzićki instrumenti, Beograd, Vuk Karadžić.
Gojković. A. (1994). Muzićki instrumenti – Mitovi i legende, simbolika i funkcija, Beograd.