МУЗИЧКИТЕ ИНСТРУМЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ПЕСНИ
Abstract
Бројни истражувања поврзани со музичките инструменти на територијата на денешна Република Македонија вршат одредени странски и македонски истражувачи кои објавуваат и трудови во кои ги произнесуваат теренските сознанија. Преку овие трудови се здобиваме со основни сознанија поврзани со потеклото, изработката на инструментите, нивната употреба и застапеност.
Предмет на нашето истражување е присуството на музичките инструменти во народните песни во Македонија. Пред да го произнесеме нашето истражување, ќе наброиме неколку трудови кои ги опфаќаат музичките инструменти и на некој начин се поврзани со овој труд.