ФАРИЗ ХАЈРУЛА – ЗУРЛАЏИЈА И ИЗРАБОТУВАЧ НА „КАБА“ ЗУРЛИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА

  • Goranco Angelov

Abstract

Каба зурлата како вид зурла кој е застапен во Р Македонија се споменува во публикации објавувани во минатото, но без некое посебно опишување на нејзините ерголошки карактеристики кои што всушност овој вид зурла ја прават поразлична од останатите зурли. Овој вид зурлa е присутна во одредени региони уште одамна и успеала да се задржи до денес поради што сметаме дека заслужува да ѝ се посвети едно внимание преку кое ќе се нагласат нејзините ерголошки и музички особености. Во досега објавените публикации кои ја опфаќаат и зурлата во денешна Р Македонија, каба зурлата ја препознаваме кај оние видови зурли кои припаѓаат во групата големи зурли. Во овие публикации не наидовме на нагласување на нејзината различност од останатите видови зурли кои се употребувале, а некои и денес се употребуваат во делови на Р Македонија. Во овој труд ќе направиме мал преглед на видовите зурли во Р Македонија со акцент на каба зурлата и нејзината распространетост, а ќе направиме претставување и на единствениот изработувач на каба зурли во Р Македонија, Фариз Хајрула од Тетово, како и на од него применетите технологии во процесот на изработување на каба зурлата.

Клучни зборови: зурли, голема зурла, каба зурла, изработување, материјали.

Published
2019-05-15