Музичките изразни средства и нивните особености во делото „Пасакаља“ за еден херој од композиторот Томислав Зографски (1934-2000)

Authors

  • Ivana Jankov

Abstract

Композиторот Томислав Зографски е основоположник на неокласичната школа во Македонија. Тој во своите дела постигнува совршен баланс на старите традиции и современите музички текови. Творештвото на Т. Зографски содржи 142 опуса кои опфаќаат широк жанровски дијапазон. Во него се содржани: вокално-инструментална, оркестарска, хорска, камерна и филмска музика. Тој, во целиот творечки опус се придржува до своите принципи кои ги прифатил уште во студентските денови. Најголемо влијание врз неговото музичко дејствие имале Ј.С.Бах, И.Стравински и „полската школа“. Под ова влијание тој во своите дела често користи конструктивни принципи на барок и рана класика, афирмирајќи реставраторски однос на изразните можности на минатите стилови (Ралева 2004).

Downloads

Published

2013-04-16

Most read articles by the same author(s)