ДРАМАТУРГИЈА И НЕЈЗИНИОТ РАЗВОЈ НИЗ ОСОБЕНОСТИТЕ НА МУЗИЧКИТЕ И ВОНМУЗИЧКИТЕ ИЗРАЗНИ СРЕДСТВА ВО КОМПОЗИЦИЈАТА МАКЕДОНСКО ОРО ЗА МЕШАН ХОР ОД КОМПОЗИТОРОТ ТОДОР СКАЛОВСКИ
Abstract
Трудот е напишан како своевиден модел за диригентовиот студиозен пристап кон проучување на хорската партитура. За проучување/анализа е земена една од најпознатите и најизведуваните хорски композиции од македонски композитори во цел свет Македонско оро од Тодор Скаловски. На почетокот на анализата се открива инспирација, како појдовна точка за создавање на делото. Потоа следува дефинирање на музички и немузички изразни средства кои се заслужни за градењето на драматуршкиот тек. Следниот чекор претставува дефиниција на нивните особености во делото, со акцент на неколку клучни моменти кои се поткрепени со нотните примери. Низ особеностите на музичките изразни средства, се провлекува нит за употреба на техники и начини на компонирање карактеристични за некои историски музички епохи. Основна цел на трудот претставува анализа на движење на музичките и вонмузички параметри во одредени клучни моменти од делото, што е важно за диригентот и неговата успешна изведба на делото.
Клучни зборови: Македонско оро, Т.Скаловски, драматургија, мешан хор, изразни средства.