Акордската структура застапена во вокалната кантата „Псалми“ од композиторот Стојан Стојков
Abstract
Тема на овој реферат е токму диференцирање на различните акордски структури кои го сочинуваат хармонскиот јазик на вокална кантата „Псалми“ од композиторот Стојан Стојков, како и статистички пристап кон нивната застапеност во делото.
Делото се карактеризира со употреба на елементи од македонското духовно музичко наследство кое влече корени од византиското пеење, потоа употребува барокна полифона техника и воедно користи определени мелодиско- хармонски елементи карактеристични за современата музичка мисла. На кој начин се вклопуваат овие различни стилски периоди, гледано низ призма на акордската структура, ќе биде проследено во понатамошниот текст.